Палмер останува верен на Челси

Англискиот репрезентативец Кол Палмер, денеска стави потпис на новиот договор со Челси со кој се обврза да остане на „Стемфорд бриџ“ до 2034 година.

„Челси многу ми значи и мислам дека клубот оди во вистинската насока. Воодушевен сум што потпишав нов договор и очигледно е дека сум многу среќен. Во разговорите со сопствениците, управата, менаџерот и соиграчите, видов дека сите имаат исти амбиции. Чувствувам дека ќе освојуваме големи трофеи и сакам да бидам дел од овој тим и да имам голема улога во тоа“, изјави Палмер по потписот на новиот договор.

Кол Палмер во Челси пристигна во 2023 година од Манчестер сити и досега одигра 138 натпревари за „сините“ на кои постигна 58 гола. Со Челси триумфира во Лигата на конференции и на Светското клупско првенство.

 

 

Се вчитува...