Баерн поради глупоста на Нојер прими гол во петтата секунда, и не успеа да слави во баварското дерби (ВИДЕО)

Актуелниот германски шампион Баерн Минхен, не успеа да ги освои трите бодови во баварската пресметка против Аугсбург која се играше во рамките на петтото коло од Бундеслигата.

Баварците одиграа 2:2 против Аугсбург и останаа на втората позиција на табелата со 11 бодови, два помалку од лидерот Борусија Дортмунд.

Натпреварот го одбележа неверојатниот кикс на голманот на Баерн, Мануел Нојер кој надвор од шеснаесетникот сакаше да направи егзибиција, ја загуби топката и прими гол во петтата секунда.

 

 

Во второто полувреме, баварците тргнаа на се или ништо и успеаја само да се спасат од пораз.

 

 

Прво во 55-та минута, Саибари го израмни резултатот, откако четири минути претходно му беше поништен гол на Луис Дијаз поради офсајд.

 

На „ВВК арената“ Баерн доживеа нов шок во 64-та минута кога Рибеиро му донесе нова предност на Аугсбург.

Шампионот од пораз се спаси со 80-та минута благодарение на Натаниел Браун.

Најефикасниот натпревар се одигра во Мајнц каде домаќинот загуби со 3:4 од Баер Леверкузен.

Гостински триумф оствари и Штутгарт и тоа од 0:2 во дуелот со Падерборн, додека Хамбургер со гол во 94-та минута како гостин со 2:3 го совлада Хофенхајм. Честа на домаќините ја спаси Унион Берлин кој со голот на Бурку во 81-та минута го совлада Елверсберг.

Се вчитува...