Еден Англичанец се повреди, друг се враќа кај Интер

Интер вечерва ќе ја пречека Парма во првиот натпревар по репрезентативната пауза, дуел за кој Кристијан Киву конечно ќе го има на располагање Џед Спенс.

Офанзивниот бек пристигна летово од редовите на Тотенхем, но поради повреда се уште чека на своето деби во новиот клуб. Тој ја искористи репрезентативната пауза на најдобар можен начин, па доби зелено светло од лекарите и ќе биде во комбинација за настап против Парма.

„Спенс е фит и тоа е одлична вест за сите. Не знаеме колку ќе игра, дали 10, 20 минути или повеќе, но одлично е што конечно ќе го имаме на располагање“, истакна тренерот Киву.

Вториот Англичанец кој летово дојде од Премиер-лигата во Интер, Куртис Џонс, заработи незгодна повреда. Тој не само што нема да може да игра со Парма, туку Џонс ќе паузира до крајот на октомври, најавуваат англиските медиуми.

Се вчитува...