УЕФА со нова казна и за Хрватска

Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе одлука да ја казни и Фудбалската федерација на Хрватска.

Однесувањето на навивачите на средбата со Турција во Осиек во квалификациите за ЕВРО повторно го привлече вниманието на дисциплинската комисија. Причина за казната е дискриминација и расистички извици од трибините.

ФФ на Хрватска е казнета со 30.000 евра, а на следниот домашен натпревар со капацитет од најмалку 6.000 седишта на трибините.

Впрочем, од мечот со Летонија во Риека (1.000 седишта) беше активирана условна казна, а беше изречена уште една со која беа затворени трибините на уште најмалку 5.000 седишта, што е вкупно 6.000.

Деновиве треба да започне продажбата на билетите за натпреварот со Ерменија на 21. ноември во Загреб.

Се вчитува...