УЕФА со полни раце работа: Хулигани се тепаа низ Европа, еден загинат навивач во Варшава

Европската куќа на фудбалот УЕФА ќе има многу работа за да изрече казни за клубовите, чии навивачи учествува во нередите на неколку натпревари во Лигата на Европа и Лигата на Конференции во текот на вчерашниот ден, како и на еден меч во Лигата на шампионите. Еден навивач во Варшава го загуби животот.

Во Амстердам гостуваше тимот на Олимпик Марсеј, натпреварот беше прогласен како меч од висок ризик, но полицијата беше немоќна. Неколку стотици навивачи на Марсеј допатуваа во Амстердам, и маршираа по градот. Од сите страни кон нив летаа предмети, а ситуацијата кулминирала на договорена тепачка на неколку улици од стадионот.

Во овие немири неколку навивачи завршија во болница, но се надвод од животна опасност. Еден навивач остана без свест, но за среќа нема потешки повреди.

Надвор од животна опасност се и навивачите на бетис кои се спасиле со бегство во хотел во Глазгов. Стотина навивачи на Ренџерс ги нападнале фановите на Бетис. И овие две навивачки групи имале договорена тепачка, со по 30 лица од секоја  страна.

„Шкотланѓаните не се согласија, два дена избегнуваа одговор. Потоа на нас 30 нив 100 вооружени со железни палки и друго латно оружје“, стои во соопштението од навивачите на Бетис.

Нереди го одбележаа и дуелот меѓу Генк и Фиорентина. Белгиските фанови го каменуваа автобусот на Фиорентина, но без тешки последици. После натпреварот хулиганите од Фиренца тргнаа да ги бараат навивачите на Генк, а во неколу улици дојде до тепачка. Инцидент и на мечот меѓу Легија и Астон Вила кога еден навивач, бегајќи се обидел да скокне меѓу скали на една автобуска станица, при што паднал неколку метри надолу. И покрај обидите за реанимација, тој им подлегна на повредите. Не е познато дали е фан на англискиот или на полскиот тим.

Големи нереди беа забележани и на мечот Бараселона – Антверпен. Белгиски навивачи во Барселона цел ден кршеа излоци, и бараа тепачка. За среќа реагираше шпанската полиција.

Се вчитува...