УЕФА само со еден твит ги збесна душманите на „кралевите“: Реал е шампион на ЛШ 2018!?

Со само еден твит на својот официјален профил, УЕФА успеа да ги збесне „душманите“ на Реал Мадрид.

По мечот меѓу Јувентус и Реал Мадрид во кој гостите славеа со 0-3, УЕФА на официјалниот Твитер профил постави тимска фотографија на „кралевите“ со прашање: „Победниците на Лигата на шампионите 2018 година?“.

Сето тоа ги зовре страстите меѓу навивачите на останатите клубови кои сметаат дека сето тоа е непочитување на останатите екипи од страна на Европската куќа на фудбалот.

Реал сезонава брка трета едноподруго титула во Европа, во желбата и да биде прв тим на кого му успеало тоа по Баерн Минхен на кого тоа му појде од рака кон средината на седумдесеттите години од минатиот век. Претходно три едноподруго европски клупски шампионски трофеи освоил и холандски Ајакс.

Се вчитува...