УЕФА „собра“ 371 милиони евра за ЕП 2020

УЕФА ќе има поголем буџет во однос на минатото ЕП за наградување на учесниците на завршницата на Европското првенсво 2020 година. Вкупно 371 милиони евра ќе бидат поделени на сите 24 учесници, во зависност од нивниот пласман, додека на ЕП 2016 во Франција вкупно се поделија 301 милиони евра.

Осволувачот на пехарот, односно репрезентацијата кој ќе биде европски првак ќе добие вкупно 34 милиони евра парична награда, додека во 2016 година Португалија заработи вкупно 27 милиони евра при освојување на шампионатот.

Секоја репрезентација – учесничка на следното ЕП ќе добие 9.25 милиони евра, додека ќе бидат зголемени и добивките по секој натпревар. За секоја победа во групната фаза ќе се доделува по 1.5 милиони евра, додека за ренешен резултат националните селекции ќе заработат по 750.000 евра. Што се однесува за нокаут фазата, учесниците во првата рудна ќе добијат по два милиони евра, додека за пласман во четвртфиналето ќе бидат наградени со по 3.25 милиони евра. За пласман во полуфинале УЕФА ќе доделува по пет милиони евра за секоја репрезентација, а во финалето победникот ќе добие 10 милиони, додека поразената селекција ќе се „теши“ со седум милиони евра.

Овие податоци беа обелоденети при 42. конгрес на УЕФА кој се одржа во Братислава. Претседателот на федерацијата, Александар Чеферин вели дека фудбалот секојдневно се развива, потенцирајќи дека овие рекордни бројки се благодарение на напорна работа за „доброто“ на фудбалот.

Се вчитува...