УЕФА свикува итен состанок со членките по повод новиот скандал на „уметникот“ Инфантино

УЕФА свика итен состанок на сите свои 55 членки за попладнево, откако ФИФА постави рок за националните федерации да се изјаснат за контроверзниот план што би можел целосно да го промени начинот на финансирање на Светското првенство.

Европските федерации треба да усогласат заеднички одговор на предлогот на Џани Инфантино и ФИФА. Според достапните информации, УЕФА ќе се спротивстави на планот што предвидува вклучување на приватен капитал во организацијата и комерцијализацијата на Светското првенство.

Во вторникот попладне пристигна веста дека ФИФА, предводена од претседателот Џани Инфантино, продава удели во Светското првенство за сума од 3,5 милијарди долари.

Тој потег предизвика бројни реакции во фудбалскиот свет, па УЕФА преку официјално соопштение и порача на ФИФА дека фудбалот не е на продажба.

Сепак, ФИФА не застана тука, а денеска пристигнаа нови контроверзни вести. Имено, како што пренесе новинарот на „Тајмс“, Мартин Зиглер, Инфантино почнал да ги „потплатува“ светските репрезентации.

Според Зиглер, претседателот на ФИФА им понудил две опции на националните тимови за наредните 53 дена: едната е да ја прифатат продажбата на Светското првенство и да заработат по 40 милиони долари, а другата е да го одбијат предлогот и да заработат 10 милиони долари.

Се вчитува...