УЕФА воведе две важни промени во правилата за своите клупски натпреварувања, кои ќе бидат во сила уште од новата европска сезона.
Првата измена се однесува на жолтите картони и веќе е активна. Досега фудбалер автоматски добиваше суспензија за еден натпревар по третата жолта опомена, но според новото правило прагот е поместен на четири жолти картони.
Тоа значи дека играчите ќе можат да одиграат повеќе натпревари пред да заработат принудна пауза поради акумулирани жолти картони.
Втората промена се однесува на официјалните семафори на стадионите. УЕФА ја укинува досегашната забрана според која времето на семафорот не смееше да продолжи по истекот на 45. односно 90. минута.
Од новата сезона, навивачите на трибините ќе можат да го следат реалното време на натпреварот, вклучувајќи го и судиското надополнување. Оваа практика веќе со години се применува во некои национални првенства.
Двете нови правила ќе се применуваат во сите клупски натпреварувања на УЕФА – Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Лигата на конференции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
