УФЦ му ја исполни последната желба на Хабиб, но Џонс мисли дека тоа е сра*е

УФЦ му ја исполни последната желба на Хабиб Нурмагомедов пред пензијата сместувајќи го на првото место на листата на најдобрите УФЦ натпреварувачи на база на општата способност и резултати во својата категорија.

УФЦ ја ажурираше својата листа по последната приредба издвојувајќи го Хабиб на првото место, додека Џон Џонс падна на второто место. Во меѓусебниот двобој, нема сомнеж дека Џонс би победил, но тоа е главно само затоа што Џонс физички би доминирал над Хабиб.

На третото место на листата се наоѓа Адесанја, првакот во средна категорија, додека четврти е Стипе Миочиќ, шампионот во тешка категорија.

Но, со ваквата одлука на УФЦ не се согласува Џонс кој кратко ја коментираше најновата листа.

„Ова е првокласно срање“ – напиша Џонс на социјалните медиуми.

Се вчитува...