УФЦ-спектакл: „Нигеријската ноќна мора“ го претепа па го тешеше расплаканиот Бразилец (ВИДЕО)

Камару Усман го победи Гилберт Барнс со технички нокаут во третата рунда, за одбрана на УФЦ-титулата во велтер категорија.

Застрашувачкиот Нигериец со 13 едноподруго победи постави нов УФЦ рекорд во оваа категорија кој досега го држеше Џорџ Сент Пјер.

Усман и Барнс беа и клупски колеги речиси десет години пред Нигериецот минатата година да го напушти заедничкиот тим. Беа и останаа во добри односи, што се виде и на крајот од синоќешниот меч.

Барнс неутешно плачеше во рингот по поразот, а кога малку дојде при себе, поразговараа со Усман кој го тешеше противникот.

Се вчитува...