Украинка го брани Ѓоковиќ: Ноле има право на сопствено мислење

Украинската тенисерка Елина Свитолина застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ, кој се најде во центарот на вниманието поради пораката „Косово е срцето на Србија, престанете со насилството“, напишана на камерата по победата во првото коло на Ролан Гарос.

Свитолина е меѓу оние украински спортисти кои многу гласно повикуваат на исфрлање на сите руски и белоруски спортисти од сите натпреварувања, а таа вели дека Новак Ѓоковиќ секако има право да го каже своето мислење.

„Живееме во слободен свет, зошто сите да немаме право да го кажеме своето мислење за нешто. Мислам дека ако имаш став и мислење за нешто, треба да го кажеш. Ако седите со пријател, вие и тој ќе го искажете своето мислење, зошто да не го направиш тоа и во јавност“, изјави Свитолина. 

Се вчитува...