Украинката Калинина е прва финалистка на турнирот во Рим

Украинката Анхелина Калинина е првата финалистка на ВТА мастерсот кој се игра во италијанскиот главен град Рим.

Калинина до најголемиот успех во кариерата стигна откако во првото полуфинале славеше против Русинката, Вероника Кудерметова со 2-1, по сетови 7-5, 5-7 и 6-2.

Како и досега во натпреварите меѓу украинските и руските тенисерки на крајот немаше поздрав поради инвазијата на Русија кон Украина.

Во финалето Калинина ја чека подобрата од дуелот меѓу Елена Рибакина и Јелена Остапенко.

Се вчитува...