Украински фудбалер: Не знам да пукам, ама ако треба спремен сум да одам и во првата борбена линија

Фудбалерот на шпански Леганес, кој игра на позајмица во Спортинг Хихон, Василиј Кравец вели дека ќе оди и во првата борбена линија ако е неопходно, и покрај тоа што нема никаква воена обука, но само да му помогне на својот народ по руската инвазија на Украина.

Украинецот со огромна горчина зборува за се што се случува во моментов во неговата сезона, потенцирајќи дека за ништо од тоа не е виновен рускиот народ но единствено Владимир Путин.

„Уништени сме. Тие убиваат луѓе, цивили. Не сакам да кажам дека се виновни Русите затоа што имам голем број пријатели Руси кои и сега ми искажуваат поддршка нагласувајќи дека не се согласуваат со ништо од ова. Но, виновен е единствено Путин. Ние сме земја која сака да живее во мир, тоа сите го знаат. Ниту сакаме да нападнеме некого ниту сме убијци“ – вели Кравец, притоа дополнувајќи:

„Кога го гледам сето тоа сакам да и помогнам на мојата земја. Сакам да се приклучам на војната за да им помогнам на моите сонародници. Не знам како се пука, немам никаква воена обука, но ако треба ќе се приклучам во првата борбена линија. Помошта е обврска на секој Украинец“.

Се вчитува...