Украински кревач на тегови поради допинг остана без златото од ЛОИ во Лондон

Украинскиот кревач на тегови Алексеј Торохтиј остана без златниот медал освоен на ЛОИ во Лондон 2012 година поради допинг.

Седум години по освојувањето на златото во категоријата до 105 килограми, Торохтиј остана без медалот. ИОК во образложението наведе дека Украинецот бил позитивен за забранетата супстанца туринабол. Анализите се направени врз примерок од ЛОИ во Лондон, но сега со примена на нова современа технологија.

Тој доби суспензија во траење од две години која стапува на сила од декември 2018 година. Торохтиј по ЛОИ 2012 ја заврши кариерата, а суспензијата се важи за неговот вршење на дејноста претседател на Федерацијата за кревање тегови на Украина, функција која ја извршува.

Се вчитува...