Украинците го декласираа Израел, Финска до нов триумф

Украина имаше силен мотив да го декласира Израел со 88-64 и да ги продолжи настапите на Евробаскет како четвртопласирана селекција од групата Б. Со оглед дека Израел веќе знаеше дека ќе си оди дома и не даде некој посериозен отпор.

Украинците го добија вториот период со убедлива предност и на полувреме заминаа со 46-28 во своја корист. Беше јасно дека ќе триумфираат, па до крајот и ја зголемија предноста. Вјачеслав Кравцов со 17 поени и седум скока го предводеше својот национален тим.

Финска со пресврт во последната четвртина стигна до победа против Исланд (83-79). Двете селекции форсираа брза игра, а Финците влегоа во елемент во самиот финиш, кога и беше најпотребно. Марканен беше најефикасен со 23 поени, но Салин беше творец на пресвртот постигнувајќи пет тројки од осум обиди. Финска сега се сели во Истанбул и ќе вкрсти со репрезентацијата на Италија.

 

Се вчитува...