Украинците се високи и бавни, брзите крила се нашиот адут

ЕКИПА во Виена, 

Стеван Цаневски

Украина е прв ривал на Македонија на овој европски шампионат, селекција која по пауза од десет години се враќа со настап на еден ракометен континентален собир. Станува збор за селекција што квалитативно дефинитивно не е над нашиот национален состав, но која може да биде исклучително опасна ако биде потценета. Цврста одбрана во зона со високи играчи и она што ги краси Украинците, со што ќе ја отежнат работатат на нашите шутери од далечина. Во една таква ситуација, за очекување е повеќе шанси да добијат крилните ракометари, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.

„Знаеме се што треба да знаеме за противникот. Украинците се високи, корпулентни, а со самото тоа и побавни од останатите ривали. Треба да бидеме дисциплинирани, а кога ќе ни се укаже можност да ја затресеме нивната мрежа. Важно ќе биде и да одиграме цврсто во одбраната, бидејќи потоа од една таква игра можат да произлезат лесни голови од контранапад“ – истакнува Дејан Манасков во пресрет на денешниот натпревар.

Од десната страна Македонија повторно ќе напаѓа преку Гоце Георгиевски, ракометарот што игра во добра форма во дресот на ЧСМ Букурешт.

Ќе видиме како ќе се одвиваат работите на терен, за каква зона во одбраната ќе се решат Украинците. Во секој случај, брзината ќе биде наш адут бидејќи противникот го краси побавна игра. Едно е сигурно, ќе мораме максимално да ги користиме шансите што ќе ни се укажат“ – вели Георгиевски.

Се вчитува...