Неверојатна сцена е забележана на стадионот „Черноморец“ во Одеса, пред синоќешниот дуел меѓу домашниот Мариупол и Бордо во квалификациите за Лига Европа.
Високите темератури во Одеса ја изгореле тревата на стадионот, а Украинците проблемот го решаваат на оргинален начин – со боја ги појкрија пожолтените делови и ја раззеленеа тревата на стадионот неспоредно пред натпреварот.
Локалните медиуми тврдат дека тревата била уништена бидејќи температурите во Одеса претходните денови достигнале до 35 степени Целзиусови. Па домаќините ја поправија ситуацијата со зелен спреј кој остави трага и на дресовите на фудбалерите.
На обоениот терен во Одеса сепак, Бордо беше поуспешен и славеше со 1-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА