Улмер: Нема да дозволиме изненадување

Австрискиот првак Салцбург утревечер (20.15 часот) ќе гостува на арената „Филип Втори“ и ќе го игра реванш натпреварот против Шкендија во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Тимот на Марко Росе има предност од 3-0 од првиот дуел, а дефанзивецот Андреас Улмер вели дека нема да дозволат никакво изненадување ниту на возвратниот дуел.

„Мирни сме, подготвени, концентрирани во пресрет на утрешниот реванш. Знаеме дека Шкендија е квалитетен состав, но добро ги анализиравме и ги знаеме нивните добри, но и лоши страни. Веруваме во нашите способности и нема да дозволиме изненадување. Имаме предност, но нема да ја браниме, туку сакаме да постигнеме гол и на утрешниот дуел“, изјави Андреас Улмер.

Натпреварот меѓу Шкендија и Салцбург ќе го суди унгарскиот судија Тамаш Богнар, а ќе му помагаат сонародниците Балаш Бузаш и Теодорас Георгиу.

Се вчитува...