Ултиматум за Сари – Елиминација од Лион, сигурен отказ

Италијанскиот стратег Маурицио Сари утре добива отказ во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми. Од раководството очекуваат да продолжи лошата игра на тимот и доколку утре доживеат елиминација од Олимпик Лион во Лигата на шампионите, тоа ќе значи крај за Сари на клупата на „Старата дама“.

За потсетување Јувентус го загуби првиот натпревар со 1-0 и утре во Торино ќе има тешка задача бидејќи тимот и покрај освојувањето на Серија А не е во добра форма. Масимилијано Алегри минатата сезона доби отказ во Јуве иако стигна до четвртфиналето во ЛШ, а во тој момент тоа беше неуспех.

Италијанските медиуми пренесуваат дека само титула во елитното натпреварување може да го спаси Сари од отказ, а со оглед на формата на тимот тоа ќе биде рамно на сензација.

Се вчитува...