Уметникот со бизарна објава: Инфантино 25 дена по завршување на СП и честиташе на Босна и Херцеговина

Претседателот на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино, ги изненади сите со објава посветена на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Првиот човек на ФИФА, кој во последните недели  по неуспешниот план за продажба на правата за Светското првенство се соочува со нагло паѓање на поддршката од бројни федерации и организации, сега прави се за да ги придобие симпатиите на одредени асоцијации.

Како дел од таа кампања, Инфантино сподели фотографии од Един Џеко и неговите соиграчи и им честиташе на „Змејовите“ за нивниот историски успех на претходното Светско првенство.

„Репрезентацијата на Босна и Херцеговина со стил го одбележа своето враќање на Светското првенство и за првпат во својата историја стигна до нокаут-фазата. Играчите го дадоа својот максимум на теренот, создадоа трајни спомени за својата нација и покажаа вистински натпреварувачки дух за време на ова натпреварување. Исто така, му честитаме на Фудбалскиот сојуз на БиХ за одличната кампања на Светското првенство“, изјави Инфантино на својата официјална веб-страница.

Секако, оваа порака би изгледала нормално и вообичаено доколку беше објавена во моментот кога селекцијата на БиХ беше елиминирана од Светското првенство  тоа би било логична причина за ваква објава од страна на Инфантино.

Можеме само да претпоставуваме што го мотивирало да испрати таква порака до БиХ цели 25 дена по завршувањето на Светското првенство.

Се вчитува...