Умит Каран повторно на клупата на Шкупи

Умит Каран повторно се враќа на клупата на чаирскиот прволигаш Шкупи, одлучи раководството на клубот. Каран утре се очекува официјално да биде промовиран како старо-нов тренер на чаирчани.

Турчинот пред една година се повлече од клупата на Шкупи, а сега се враќа на местото на Муарем Бајрами кој неочекувано доби отказ по поразот од Струга ТЛ.

Навивачите и дел од раководството на Шкупи се незадоволни од смената на Бајрами кој го остава тимот на втората позиција на табелата со сериозни амбиции за битка и за шампионската титула.

„Чаир не е Истанбул“ – претходно порачаа најверните навивачи на Шкупи, револтирани од смената на Бајрами.

Но, одлуката на сопственикот на клубот е дефинитивна за смена на Бајрами и враќање на Умит Каран.

Се вчитува...