Умит Каран: Шкупи има шампионски тим

Турскиот тренер Умит Каран повторно седнува на клупата на Шкупи. Тој доби доверба до крајот на сезоната и најавува дека тимот од Чаир има шампионски состав. Ова веројатно значи и дека „ветил“ титула кај раководството кое го смени Муарем Бајрами за поразот од Струга Трим Лум.

„Во животот имам два сакани клуба, едниот е Галатасарај, а другиот е Шкупи. Среќен сум што повторно сум во Скопје и ќе продолжам да работам заблагодарувајќи се на раководството за новата доверба. Благодарност до претседателот Олгун Ајдин, како и на спортскиот директор и на претседателот Суат Алија што ми овозможија нова шанса да бидам тука. Во фудбалот ништо не е сигурно, поранешниот тренер Муарем Бајрами е мој добар пријател со кој имавме одлична соработка во минатото, тој беше капитенот на тимот а јас тренер. Морам да истакнам дека Шкупи во моментов има тим со шампионски квалитет и се надевам дека тоа ќе успееме да го докажеме на натпреварите до крајот на шампионатот“, изјави Умит Каран за официјалниот сајт на клубот.

Тој веќе го одржа првиот тренинг и ќе го води тимот в сабота на мечот против Борец на Чаир.

Се вчитува...