Уникаха е прв финалист во Еврокупот

Уникаха Малага е првиот финалист во кошаркарскиот Еврокуп, откако шпанскиот прволигаш по само две средби ја доби полуфиналната серија против Локомотив Кубан со максимални 2-0 во победи. Откако приредија големо изненадување со победата во Русија пред неколку дена, кошаркарите на Уникаха си ја доработија задачата вечерва, откако на домашен терен славеа со 74-63.

Целата задача беше завршена во првата четвртина што домашниот тим ја доби со 27-11, по што Уникаха умешно ја одржуваше предноста до самиот крај, за огромен успех со пласман во големото финале. Немања Недовиќ со 21 поен беше прв стрелец во победничкиот тим, пред Фог со 16 поени, додека најефикасен кај Локомотив беше Кевин Џонс со 17 поени и 10 скокови.

Ривал на Уникаха во финалето ќе биде подобриот од мајсторката меѓу Валенсија и Хапоел Ерусалим, откако израелскиот тим денеска славеше на домашен терен со 79-66 и израмни на 1-1 во победи во оваа полуфинална серија.

Се вчитува...