Уникатни копачки на Меси се продадоа на аукција, парите завршија во болница во Барселона

Уникатни копачки на Лионел Меси беа изложени на аукција до четвртокот и се продадоа за висока сума на пари, која на крај заврши во болница во Барселона.

Со нив аргентинскиот фудбалер го надмина легендарниот Пеле и стана фудбалерот со најмногу голови за еден клуб. Бразилецот го држеше овој рекорд со 643 гола во дресот на Сантос.

Аукцијата заврши и доби највисока понуда од 125.000 фунти. Толку се продаде овој историски пар копачки, кои притоа имаа автограм од Меси. За време на последните часови на аукцијата, цената отприлика се зголеми за трипати.

Пред да бидат ставени на продажба, копачките на ѕвездата на Барса беа претставени за сите фанови во „Националниот уметнички музеј на Каталонија“.

Меси стигна до ова достигнување на дуелот против Ваљадолид во декември минатата година.

 

Се вчитува...