УО на РФМ даде амин: Исплата на премијата од 50.000 евра за ракометарите

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија денеска донесе одлука со која се дава зелено светло за исплата на премијата од 50.000 евра за машката ракометна репрезентација, за остварениот успех со пласманот на СП 2023.

УО на претходниот состанок донесе одлука за премијата за пласман на изнесува 50.000 евра, како мотив плус за ракометарите во пресрет на бараж-двомечот со Чешка.

Откако националниот тим одговори на предизвикот и со две одлични партии славеше над Чешка, „куќата на ракометот“ на денешниот состанок на Управниот Одбор како прва точка ја изгласа исплатата на премиите.

Се вчитува...