УО на РФМ – На ЕП во Хрватска пропуштена шанса, за пласман на СП 2019 поголема премија

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија на денешната седница едногласно го усвои извештајот за настапот на машката ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска во јануари, на кој Македонија заврши на 11.место што од директорот на репрезентацијата, Милчо Чакарески беше оценето како реално, но со забелешка дека можеше и повеќе.

Никогаш поподготвени не сме отпатувале на некое првенство. 11.место е во рамките на очекувањата, но резултатите во групната фаза ни даде надеж дека можеме и повеќе. Мислам дека имаме многу позитивен резултат од ЕП во Хрватска затоа што на ова првенство ги добивме Талески и Кузмановски како идни носители на репрезентацијата, Пешевски одигра одлично, голманите беа на многу повисоко ниво од претходните првенства, но на ова првенство потфрлија крилата“ – оцени Чакарески.

На ЕП во Хрватска беше испуштена шанса за поголем успех, оцени претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

„Штета што не ја зграбивме таа шанса и посебно е штета што не ја искористивме шансата во мечот со Чешка бидејќи свесни сме дека Шпанија и Данска се репрезентации на едно повисоко ниво и треба да имаме добар ден како со Германија за да се андеваме на позитивен резултат. Дека испуштивме шанса на ова првенство – испуштивме, но факт е и дека машката сениорска репрезентација од првенство во првенство ужива се поголем респект“ – истакна Мукаетов.

Во јуни сениорите ги очекува бараж дуелот со Романија, за кој со одлука на УО на РФМ на предлог на претседателот Мукаетов, ракометарите ќе имаат и поголема премија. На стандардните 30.000 евра за пласман на СП 2019, македонските репрезенативци ако ги добијат двата натпревари со Романија ќе добијат дополнителна награда од 10.000 евра.

Се вчитува...