УО на РФМ: Од Супер-лигата ќе испаднат четири, наместо предвидените шест екипи

Елитното ракометно друштво во следната сезона ќе брои најмалку десет екипи, откако Управниот Одбор на РФМ донесе одлуука за промена на пропозициите околу бројот на екипи што ќе испаднат од елитното друштво.

Од стартот на сезонава беше предвидено од осумте екипи во плејаут, шест директно да испаднат од Супер-лигата, само првопласираната да обезбеди автоматски опстанок, а второпласираната екипа од плејаут-натпреварувањето да игра бараж со тим од Првата лига.

Со промените усвоени на последниот состанок на Управниот Одбор, бројот на екипи што испаѓаат ќе се намали од шест на четири. Ова значи дека трите првопласирани екипи во плејаутот ќе останат во Супер-лигата, а четвртата екипа на табелата ќе игра бараж со тим од Првата лига.

Дополнително ќе биде донесена одлука дали двата СЕХА-лигаши, Вардар и Еурофарм Пелистер ќе бидат вклучени од самиот старт на новата сезона, нешто што беше најавено со пропозициите пред почетокот на оваа сезона.

Се вчитува...