УО на РФМ со одлука за исплата на премиите за репрезентациите

Машката и женската ракометна репрезентација на Македонија во наредните десет дена ќе ги добијаа заслужените премии по успесите што ги имаа на мартовските квалификациски дуели.

Управниот Одбор на РФМ на последниот состанок донесе одлука за исплата на премиите кои веќе беа договорени:

  • Наградата во износ од 10.000 ЕУР одредена за женска сениорска репрезентација за остварен максимален учинок на турнирот одржан за обезбедување пласман бараж за СП Шпанија 2021 ќе биде исплатена на 14.04.2021 година.
  • Наградата во износ од 20.000 ЕУР одредена за машка сениорска репрезентација за победата против светскиот и олимпискиот шампион селекцијата на Данска ќе биде исплатена на 21.04.2021 година.

Дополнително, Ракометната Федерација на Македонија склучи Договор со Спортски Центар „Борис Трајковски“ за изнајмување на простории (канцеларии) кои ќе бидат во функција за спроведување на активностите на сите националните селекции.

Се вчитува...