„Ураганот“ Шелтон го прегази Циципас, и прекина традиција долга 150 години

Заедно со Данило Медведев, и Стефанос Циципас имаше лош ден во Њујорк. Тој беше рутински декласиран од Бен Шелтон за помалку од два часа игра – 6-2, 6-3, 6-4.

Шелтон стана четвртиот Американец кој стигнал до повеќе од едно четвртфинале на УС Опен по Џими Конорс, Џон Мекенро и Роско Танер.

Бен никогаш не бил толку доминантен во втората недела од еден Гренд Слем и ова е негова прва победа со максимален резултат.

Циципас не успеа да го „спаси“ рекордот што е на сила од 1877 година. Од тогаш, секоја година барем на еден Гренд Слем, играч со еднорачен бекхенд стигнал до полуфиналето.

Гркот немаше апсолутно никакви шанси и не доби ниту една шанса за брејк за време на натпреварот.

Шелтон сега го чека голема борба со Карлос Алкараз за полуфинале.

Се вчитува...