Урко: Со Елмас преку кик-боксот работевме на подобрување на моториката и експлозивноста на неговите движења

По завршувањето со настапите на Европското првенство, а пред неговото повторно заминување во Италија, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас дел од предвидената програма за одржување на формата пред стартот на летните подготовки ја реализираше и со активни тренинзи со македонскиот селектор во кик-бокс, Дејан Митревски – Урко со кого работеа во Магнус центарот во Скопје.

За нив ова не беше прва средба и тренинг, затоа што Елмас и во минатото одржуваше кик-бокс тренинзи.

„Елмас го знам од мал и долги години сме другари со неговиот татко кој ја има најголемата заслуга за неговиот успех. Елмас е прекрасно дете кое е растено во во фамилија без пороци во која се негуваат сите човечки вредности: љубов, почитување, култура, одговорност, солидарност. Тој е особено талентиран спортист и исклучително е посветен на фудбалот, поради што се откажува од многу удобности кои ги нуди животот и посебно младоста. Но, затоа пак е успешен во спортот. Кик боксот му ја подобрува координацијата, моториката и експлозивноста на движењата. Но и интелигенцијата како брзината на умственото размислување изнаоѓајки соодветна варијанта за изведување на некое сложено движење во стресен момент. Може да кажам дека Елиф е талентиран и за кик бокс и истиот го владее многу добро. Магнус центарот му стои на располагање за сите негови потреби во спортот“– ни изјави Дејан Митровски – Урко по тренинзите ова лето со Елмас.

Во знак на благодарност, пак, за долгогодишното пријателство но и во мииговите кога се поклопи роденденот на селекторот Митровски, македонскиот фудбалски репрезентативец на Урко му подари дрес од Наполи.

Се вчитува...