„УС опен е поголем од Ѓоковиќ и Надал“

Американските тенисери Сем Квери и Тенис Сандгрен сметаат дека УС опен треба да се одржи дури и ако најдобрите тенисери не настапат. Се уште не е познато дали во Њујорк ќе дојдат Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

„Ако има Американци кои не можат да играат на Ролан Гарос, турнирот треба да се одржи. Ако некои не можат да играат, а 90 отсто од тенисерите може да дојдат на УС опен и овој грен-слем треба да се одигра. Не е важно кој ќе биде дел од него, па дури и големата тројка да не дојде“, вели Квери. 

„УС опен е поголем од неколку момци. Мислам дека турнирот ќе се одржи без разлика на се. Тоа би било добро за спортот“, вели Сандгрен. 

Од последните 16 изданија на УС опен само четири пати не беше победник некој од големата тројка и тоа е грен-слем со најмногу различни шампиони. Тоа беа Енди Мареј, Марин Чилиќ, Стен Вавринка и Хуан Мартин дел Потро.

Се вчитува...