Уште еден Англичанец на пат кон Интер

Интер повторно тргна во офанзива за ангажман на играчот од средниот ред на Ливерпул, Куртис Џонс, но англискиот шампион засега не попушта во преговорите.

Според „Атлетик“, „нероаѕурите“ преку посредници повторно стапиле во контакт со раководството на Ливерпул и испратиле порака дека се подготвени да понудат 35 милиони евра за англискиот репрезентативец.

Ова доаѓа откако претходната понуда на Интер, вредна 32 милиони евра, беше одбиена. Сепак, и новата понуда е под сумата што ја бара Ливерпул, бидејќи на „Енфилд“ го проценуваат Џонс на најмалку 40 милиони евра.

Дваесет ишестгодишниот фудбалер има договор до летото 2027 година, но од Ливерпул не се подготвени да го продадат под својата проценета вредност. Според информациите, клубот повеќе би прифатил да го загуби без обесштетување по истекот на договорот, отколку да се согласи на трансфер за помала сума.

Во моментов не се водат активни преговори за продолжување на договорот на Џонс, иако Ливерпул е подготвен повторно да седне на преговарачка маса доколку двете страни ги приближат своите ставови околу условите за нова соработка.

Останува да се види дали Интер ќе ја зголеми понудата во наредните денови или Ливерпул ќе остане цврст во намерата да го задржи еден од своите најважни играчи од средниот ред.

Доколку дојде во Интер, тој би бил вториот Англичанец за кратко време на „Џузепе Меаца“ после Џон Стоунс, кој вчера беше промовиран како ново засилување на „нероазурите“.

Се вчитува...