Уште еден „бунтовник“ си заминува, Партизан добива отштета

Партизан успеа да се ослободи од играчите кои важеа за „бунтовници“ и главни виновници за заминувањето на Жељко Обрадовиќ од тренерската функција.

Тајрик Џонс прв повлече нога и среде сезона се пресели во Олимпијакос, Вашингтон веќе објави дека летово ќе ги смени клупските бои, а последните информации говорат дека и Стерлинг Браун летово ќе си замине од Партизан.

Жалгирис ќе биде новиот клуб на поранешниот ас на Алба, кој имаше уште една година од актуелниот договор, но сепак реши да го напушти српскиот клуб. Литванскиот тим прави сериозен ремонт во играчкиот кадар, веќе ги донесе Едвардс од Виртус Болоња и Ли од Ефес, а со ангажманот на Браун ќе состави моќна бековска линија за периодот што следи.

Како што информираат медиумите од Србија, веќе е постигнат целосен договор, а Литванците се согласиле и да платат отштета во висина од 530.000 долари.

Останува да се види каде ќе бидат инвестирани овие пари ако се знае дека Партизан летово остана без бројни првотимци, а покрај Браун и Вашингтон тимот го напушти и Ник Калатес, а најавено е дека клубот ќе го напуштат и Остековски, Бонга и Бруно Фернандо.

Жалгирис во меѓувреме доведе уште едно засилување, ангажирајќи го литванскиот центар Марек Блажевиќ кој пристигна од редовите на Тофаш.

Се вчитува...