Уште еден гол на Дориев за триумф на Согдиана (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Љупчо Дориев продолжува со одличните игри во шампионатот на Узбекистан.

Дориев запиша уште еден гол во дресот на Согдиана, овој пат во победата од 2-1 на неговиот тим против екипата на Кизилкум во 18. коло од првенството.

Македонскиот офанзивец стрелаше во 38. минута од средбата за водство од 1-0.

За Дориев ова е 13-ти гол сезонава со што се зацврсти на врвот од листата на најдобри стрелци во лигата.

Се вчитува...