Унгарецот Шандор Чањи, еден од осумте потпретседатели на Советот на ФИФА, објави дека ја повлекува својата поддршка за претседателот на светската фудбалска федерација, Џани Инфантино.
Инфантино се најде на удар на критики по неговиот предлог, од кој на крајот се откажа да се отвори ФИФА за приватни инвеститори. Во писмото упатено до Инфантино, Чањи, кој е и претседател на Унгарската фудбалска федерација, изјави дека ја „изгубил довербата што претходно ја имал“ во претседателот на ФИФА.
Образложувајќи го својот став, Чањи наведе „одлуки што служат за политички интереси, а не за интересите на фудбалот“, особено во врска со Светското првенство во 2026 година и планот за отворање на организацијата кон приватни инвеститори проект што се спроведувал „во тајност, без да се информира Советот на ФИФА“.
„Капак на се беше неочекуваното разрешување на Кевин Ламур, третиот највисок функционер во ФИФА. Моето уверување дека сте способни успешно и ефикасно да ја водите ФИФА е разнишано“, заклучи унгарскиот функционер во пораката до Инфантино.
ФИФА во понеделникот го објави заминувањето на Ламур, главниот оперативен директор, функционер кој раководеше со клучни административни сектори како што се правните работи, комуникациите и човечките ресурси.
Тој беше еден од високите функционери на ФИФА кои го критикуваа предлогот на Инфантино, нарекувајќи го „проект на еден човек“. Инфантино се кандидира за нов мандат во март 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
