Уште еден голем удар за Мурињо и Рома

Жозе Мурињо се соочува со нов сериозен проблем во Рома откако покрај загубеното градско дерби од Лацио, стратегот на „волчицата“ остана и без еден од своите најдобри фудбалери.

Станува збор за Лоренцо Пелегрини, одличниот играч за врска кој се пожали на болка во мускулот и мораше да биде заменет. Деталните прегледи покажаа истегнување од прв степен, што значи пауза од најмалку дваесетина дена.

Според тоа, Пелегрини ќе ги пропушти преостанатите дуели со Сасуоло и со Торино, по што ќе следи паузата поради СП во Катар, а камбекот на овој фудбалер во тимот на Рома се очекува за време на турнејата во Јапонија закажана за месец декември.

Се вчитува...