Уште еден Грузиец доаѓа во составот на РК Струга

Грузискиот репрезентативец Георги Арвелоди е новото засилување во РК Струга пред стартот на новата суперлигашка сезона. Десниот бек е втор Грузиец во составот на Струга предводена од тренерот Андон Бошковски кој е и актуелен селектор на Грузија.

Претходно во струшкиот тим дојде и грузискиот лев бек Лексо Цителишвили.

Арвелоди има 22 години, потекнува од грузискиот клуб Самтредија, а минатата сезона настапуваше за данскиот Митјиланд. Грузискиот бек е петто засилување во составот на РК Струга пред новата сезона покрај десното крило Никола Костески, голманот Никола Кизиќ, десниот бек Стефан Трпчевски и Цителишвили.

Се вчитува...