Егзодусот од Партизан продолжи со уште едно заминување, овојпат на Алексеј Покушевски, кој синоќа и официјално ја прекина соработката со „црно-белите“ од Белград.
Крилниот центар дојде од НБА-лигата и требаше да биде големо засилување за Партизан, но не се изнаигра ниту кај Обрадовиќ ниту пак кај новиот тренер Пењароја, што беше причина клубот да не ја активира клаузулата за последната сезона од актуелниот договор, по што Покушевски стана слободен играч.
Неофицијално, тој ќе ја продолжи кариерата во Грција, и тоа во Еврокупот откако ПАОК и Арик испратија интересни понуди за да го доведат во своите редови.
За потсетување, Партизан пред Покушевски ја прекина соработката и со Вашингтон, Браун, Бонга, Фернандо, Осетковски, Калатес, Милтон…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
