Уште еден Македонец во Тирана: По Ердон Даци, промовиран и Бојан Илиевски (ВИДЕО)

Уште еден македонски репрезентативец промовиран во дресот на албанскиот суперлигаш Тирана.

Како што беше претходно најавено, денеска и официјално промовиран во дресот на Тирана, десниот бек Бојан Иливски, стандарден македонски репрезентативец од времето на Благоја Милевски.

26-годишниот дефанзивец се приклучи на „сино-белите“ откако претходно ја заврши соработката со Струга ТЛ.

Претходно, Тирана ја засили и македонскиот офанзивец Ердон Даци.

Од ова лето, во стручниот штаб на Тирана е и поранешниот тренер на Работнички, Бојан Марковски.

Се вчитува...