Уште еден НБА играч го победи коронавирусот

Кошаркарот на Бостон, Маркус Смарт го надмина коронавирусот. Тој на социјалните мрежи соопшти дека се опоравил и оти тоа за тоа има и потврда од здравствените власти. Пред десет дена стигна информацијата дека Смарт и двајца кошаркари на Лос Анџелес Лејкерс се заразени од COVID-19. „Лејкерс“ решија да не ги соопштуваат имињата на заболените играчи.

„Од пред два дена го немам вирусот. Тоа го потврди и Министерството за здравство. Ви благодарам на сите кои бевте со мене и се молевте. Истото ќе го правам за сите оние кои се погодени од ова. Останете здрави и бидете обединети, но на дистанца“ – напиша Смарт на Твитер.

 

 

 

 

 

Се вчитува...