Уште еден плод од љубовта меѓу Кристијано и Георгина – Семејството Роналдо чека близнаци

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата избраничка Георгина Родригез очекуваат уште две заеднички деца. По Алана Мартина, родена 2017 година, семејстовто Роналдо ќе добие уште два члена.

Брачниот пар се запозна во 2016 година, а во тоа време Роналдо веќе го имаше синот Кристијан Џуниор, а пред првото дете со Георгина ги имаше и близнаците Ева и Матео.

Очигледно новото дете на Роналдо ќе се роди во Манчестер, откако Португалецот се пресели таму по три години минати во торински Јувентус. За потсетување, Кристијано својот најстар, дванаесетгодишен син го доби од врска со засега неидентификувана девојка, додека Ева и Матео се родени како плод на сурогат мајка.

Се вчитува...