Уште еден пораз на младите ракометарки на ЕП

Ракометната женска репрезентација до 19 години со нов пораз на ЕП во Романија. Девојките беа поразени од Исланд, кој на крајот дојде до победа од 35-29 (20-15).

Македонија во моментов разигрува за конечните места, а за да не биде последна ќе треба да го добие последниот натпревар. Можни ривали се Србија или Хрватска.

Анастасија Трпческа имаше шест гола и беше најефикасна, а со пет гола се истакнаа и Стефаноски и Јанкуловска.

Се вчитува...