Полската тенисерка Ига Швjонтек го заврши своето учество на годинaшниот Вимблдон.
Александра Ијала беше подобра од минатогодишната победничка, во два сета (7-6, 6-2) по повеќе од два часа игра.
Во следното коло, Ијала ќе игра против Јасмин Паолини, која лесно ја победи Марија Сакари (6-1, 6-2).
Претходно во текот на денот, белгиската тенисерка Елиз Мертенс се квалификуваше за осминафиналето на Вимблдон, откако ја победи Елена Рибакина од Казахстан со 7-6 (7-4), 6-1 во третото коло. Мечот траеше еден час и 36 минути.
Украинката Марта Костјук исто така се пласираше во осминафиналето, победувајќи ја Американката Ема Наваро со 6-2, 4-6, 6-1.
Во осминафиналето, Костјук ќе игра против уште една Американка, Ешлин Кругер, која ја победи Украинката Дарија Снигур со 6-3, 6-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
