Уште еден шок во Синсинати по елиминацијата на Ѓоковиќ

Американскиот тенисер Бен Шелтон веднаш по освојувањето на Мастерсот во Монтреал е елиминиран на почетокот од Мастерсот во Синсинати.

Во второто коло од Синсинати, Шелтон беше поразен од португалскиот тенисер Хаиме Фарија во два сета со 6-4 и 6-4.

Ова е уште еден шок во Синсинати само еден ден по елиминацијата на Новак Ѓоковиќ од Тиранте.

Пропуштените шанси за брејк му пресудија на Шелтон. Ги промаши сите девет во првиот сет. Во вториот, тој одбрани 15-40 и веднаш направи брејк, и водеше со 4-1 гемови, но потоа следеше катастрофа.

Фарија освои пет гема по ред за големата победа, најголема во неговата кариера и прва против играч од Топ 10.

Се вчитува...