Уште еден шок за Шкендија: Сериозна повреда на Радески!?

По убедливиот пораз од 4-0 на гостувањето против ТНС, и среќното продолжување понатака на европската сцена благодарение на убедливиот триумф од 5-0 во Скопје, Шкендија со уште еден шок во финишот од мечот во Велс.

Во последните минути од натпреварот повреда заработи македонскиот репрезентативец Марјан Радески, која се чини е од посериозен карактер ако се суди согласно лекарската интервенција. Повредата, според првиот впечаток, воопшто не изгледаше наивна за што сведочи и реакцијата на самиот Радески.

Марјан Радески на натпреварот во Велс во игра влезе на почетокот на второто полувреме на местото на Тодоровски, и не успеа да го заврши дуелот.

По деталните лекарски прегледи, се очекува од Шкендија преку официјално соопштение да информираат за тежината на повредата на македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...