Уште еден странец си замина од Партизан

Егзодусот на странски кошаркари од Партизан продолжува откако по Стерлинг Браун и Двејн Вашингтон, одлука да ги напушти „црно-белите“ донесе и Дилан Осетковски.

Крилниот центар беше доведен од управата минатото лето, Жељко Обрадовиќ по своето заминување обелодени дека тој никогаш не го барал Осетковски во Партизан, но Дилан заигра далеку подобро по тренерската смена и доаѓањето на Пењароја.

Тој ја заврши сезоната со просек од 7,2 поени и 2,9 скокови во Евролигата, Партизан планира да го задржи, но самиот кошаркар ја искористи клаузулата за да го напушти српскиот тим.

„Дилан Осетковски ја активираше клаузулата за раскин на договорот со Партизан и сега и офцијално е слободен агент. Следната дестинација во неговата кариера ќе биде објавена наредната седмица“, објави неговиот агент Мишко Ражнатовиќ.

Се вчитува...