Уште еден странец си замина од Работнички

Финансиските проблеми на КК Работнички се јавна тајна веќе неколку месеци наназад, Карло Враговиќ поради тоа си замине од таборот на „центарци“ и се пресели во Полска, а тимот од „Градски Парк“ сега остана без уште еден квалитетен странски кошаркар. Девон Вашингтон повеќе не е член на Работнички откако Американецот си замина од македонскиот клуб и реши кариерата да ја продолжи во редовите на Лариса од Грција.

Тој дојде како најголемо засилување на „центарци“ пред почетокот на сезоната и имаше неколку одлични настапи за овој клуб. Вашингтон беше една од ретките светли точки во тимот на првиот турнир од АБА2-лигата, но како што се зголемуваа финансиските проблеми така растеше и незадоволството кај американскиот кошаркар, кој бараше да си замине.

Управата на Работнички најпрвин се обидуваше да го задржи овој квалитетен кошаркар, но на крајот сепак даде зелено светло за негово заминување и преселба во Грција.

Се вчитува...