Уште еден важен потпис во Баерн Минхен

Баерн Минхен осигура уште еден важен потпис откако го договори останувањето на Конрад Лаимер на „Алијанц Арена“ до јули 2029 година.

Австрискиот ас е член на Баерн од 2029 година, подеднакво добро се снаоѓа и во средината на теренот и како десен бек (каде тренерот Компани почесто го користи), баварците долго време се обидуваа да ја продолжат соработката, за на крајот да биде најден заеднички јазик крунисан со потпис.

„За мене е посебно чувството секогаш кога излегувам на терен во дресот на Баерн. Често повторував колку сум среќен во Минхен од првиот ден кога дојдов во клубот, знам дека можам да помогнам на толку многу позиции и сакам да продолжам да давам се за Баерн. Едвај чекам да почне новата сезона“, истакна Лаимер по потписот на новиот договор.

Австрискиот репрезентативец досега има 136 официјални натпревари за Баерн, притоа постигнувајќи седум гола и 19 асистенции.

Се вчитува...