Македонската кикбокс репрезентација со уште едно обезбедено финале на Светското јуниорско првенство кое се одржува во Лидо ди Јесело, Италија.
Глигор Николов, во категоријата до 67 килограми во Лоу Кик-помлади јуниори, славеше во полуфиналето против Казахстенецот Мансур Канатулу, со што се пласираше во финалето и битката златото на шампионатот.

Претходно, и Томи Андонов во категоријата над 81 килограм во дисциплината К1-јуниори, обезбеди финале откако славеше убедлива победа против Казахстанецот Ринат Уралбај.
Петар Лозановски не успеа против Ахмед Каикинов од Казахстан во категоријата до 60 килограми во Лоу Кик – помлади јуниори, па со тоа останува со освоениот бронзен медал, што исто така претставува одличен успех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
